Поврзете се со нас

Македонија

Талески: Свесен сум дека сум најомразен ракометар меѓу народот (ВИДЕО)

Објавено

на

Филип Талески во последниве години никако не успева да дојде до констатна форма и изданија кои тој ги посакува, а неговите послаби партии придонесоа да има многу коментари, критики на негова сметка.

Меѓутоа некои луѓе знаат да ги минат сите граници, да навредуваат што според Талески е недопусливо иако е свесен дека живееме во такво време во кое секој може да каже, напише се што сака на социјалните мрежи.

-Свесен сум дека сум најомразен ракометар меѓу народот. На интервјуата и на статиите со моето презиме има најмногу омразени коментари. Никој не им забранува на луѓето на коментираат, ама на секој треба да му се забрани директно во пораки да им се обраќа на спортистите. Според мене тоа е недопустливо, секој може да коментира и да си го кажува мислењето на социјалните мрежи, тоа не ми пречи. Тој епитет го имам затоа што има многу омразени коментари на сите објави, -истакна Талески за „Бекстејџ“.

Инаку Филип ја продолжи соработката со Вардар и ќе остане во оваа средина најмалку до 2022 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни