Поврзете се со нас

Свет

Талески со квалитетно издание во победата на Бенфика

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески имаше квалитетно издание во победа на Бенфика над Повоа во првата лига на Португалија.

Домаќините не дозволија никакво изненадување и ја добија оваа пресметка со 29:23. Фаворитот сите дилеми околу победникот ги реши во првиот дел кој го реализираше со резултат 17:9, па продолжението беше чиста рутина, завршување на започнатата работа.

Талески постигна три гола од четири обиди, а запиша и три асистенции. Валенсија со 5 погодоци беше најефикасен, кај поразените Фреитас имаше шест од шест.

Со 34 бода Филип и соиграчите се на третото место на табелата зад Спортинг и Порто на Никола Митревски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни