Талески: Публиката ќе биде осми играч, ние помладите треба да дадеме дополнителен ритам

pesevski taleski januari2018

Македонската ракометна репрезентација ги прави завршните подготовки за престојното Европско првенство на кое ние во првата почетна фаза ќе ги одмериме силите со Словенија, Црна Гора и актуелниот шампион Германија.

Ова секако ќе биде голем предизвик за нашите ракометари, но тие веќе покажаа дека се во добар ритам на двете пријателски средби против Саудиска Арабија и Србија во Белград, па сега таа позитивна атмосфера треба да се префрли во Загреб.

Еден од играчите од кого се очекува да има поголема улога на овој шампионат е бекот на Рајн-Некар Левен, Филип Талески кој е подготвен да ја преземе одговорноста и да го даде максимумот.

-Добра јас веќе играв во Франција и не треба да има никаков притисок на ова првенство, туку напротив треба да има поголема мотивација кај мене поради тоа што не очекува ЕП кое е клучно за цела репрезентација. Полека доаѓа промена на генерацијата, ние треба да учиме од поискусните како Лазаров, Миркуловски, Манасков, Стоилов кои веќе имаат одиграно доста вакви турнири. Тие треба на нас да ни помогнат, а ние да дадеме само дополнителен ритам, со свежа крв каде што и на нив ќе им помогнеме, мотивираме. Со поддршката на публиката како осми играч ќе ни биде полесно, тоа го имаме докажано во повеќе наврати. Најдобар доказ за тоа е историскиот резултат на ЕП во 2012 година, -вели Талески за „Дерби“.

-Одговорноста е поголема, треба да се донесе поголем придонес во играта. Ќе имаме минутажа, но истата не треба да ја користиме залудно, треба да имаме придонес. Мора да го дадеме максимумот на терен за да биде полесно, да им помогнеме на соиграчите. Во клучните моменти треба и ние да повлечеме, поради тоа што сме помлади и имаме повеќе сила. Секоја ситуација ќе биде нова за нас, ама тоа треба да го сфатиме позитивно. Ако го прифатиме системот на Раул ќе биде добро за нас, -дополни репрезентативецот.

Првиот меч го играме на 13 јануари, а ривал ни е Словенија.

Facebook Коментари