Талески постигнуваше решавачки голови, Левен подобар од Фуксе

taleski-skok

Рајн-Некар Левен ја оправда фаворитската улога во дуелот против Фуксе Берлин, победувајќи со 28:25 во најинтересниот натпревар овој викенд во германската ракометна Бундеслига.

Домаќините на полувреме водеа со 15:11, постојано имаа резултатска контрола, а „лисиците“ во завршницата дојдоа најблиску на два гола негатива и не успеаја да направат нешто повеќе. Причина за тоа беше и расположениот Филип Талески, кој во самиот финиш постигна 3 погодоци, кои се покажаа како клучни во моментите кога гостите правеа притисок.

Талески го заврши натпреварот со 3 гола од 4 обиди, а најефикасни во редовите на Левене беа Петерсен и Колбахер со по 6 голови. „Лавовите“ од Манхајм имаат 15 бодови, три помалку од лидерот Флензбург.

Facebook Коментари