Талески и Пешевски блескаа за своите екипи во Бундеслигата

balingen

Македонските репрезентативеци, Филип Талески и Жарко Пешевски блескаа за своите екипи на денешните средби во првата германска лига.

Балинген пред своите гледачи го надигра Мелсунген со 36-23, а Талески во триумфот учествуваше со шест погодоци од десет обиди, плус забележа четири асистентии. Кружниот напаѓач Пешевски пак одигра без грешка во дуелот со Минден на кој имаше „четири од четири“.

Меѓутоа Штутгарт без разлика на оваа квалитетна партија на Жарко мораше да се задоволи само со бод од овој натпревар (24-24).

Денеска играше и Филип Миркуловски со Вецлар, но загуби од Бергишер со 33-30 во средба во која популарниот Жути даде еден гол со една асистенција.

Facebook Коментари