Талески со перфектна „четворка“ во победата на Рајн-Некар

taleski

Рајн-Некар Левен стигна до убедлива победа од 38:17 против Лемго, во натпревар од германската Бундеслига, а свој удел во триумфот имаше и македонскиот репрезентативец Филип Талески.

„Лавовите“ бргу го решија победникот на натпреварот во кој доминираа против невообичаено слабиот Лемго, а Талески постигна 4 голови од исто толку обиди на оваа средба, заедно со 4 забележани асистенции.

Грецки и Шмид со по 5 голови беа најефикасни во редовите на „Левен“, а Барток и Цикер постигнале по 4 кај поразениот тим.

Филип Миркуловски и Вецлар го совладаа Гепинген со 34:27, а нашиот ракометар не се запишал меѓу стрелците. Најефикасни во редовите на Вецлар биле Колбахер со 8 и Чавор со 6 погодоци.

Facebook Коментари