Талески откри каква порака добиле играчите од Раул на полувремето

taleski-slovenija

Од Загреб за „Дерби“,
Александар Табаковски

Македонската ракометна репрезентација на најдобар и најпосакуван можен начин го започна Европското првенство во Хрватска, добивајќи нов драматичен натпревар на големите натпреварувања, и тоа против селекцијата која на минатото Светскот првенство го освои бронзениот медал.

Раул Гонзалес ја доби тренерскта битка со Веселин Вујовиќ, а нашите ракометари ја добија „војната“ на теренот со грубите играчи на Словенија, а еден од пресвртните моменти на мечот секако беше голот на младиот Филип Талески кој во последната секунда од првиот дел постигна гол со исклучително морално значење за 11:11.

Талески по средбата ни изјави дека токму тој момент бил важен за феноменалниот старт на второто полувреме, но исто така ни откри каква инструкција добиле од тренерот Раул во соблекувална по крајот на првиот дел.

– Мислам дека мојот гол беше еден од пресвртните моменти на мечот. Во првиот дел отворивме многу лошо, промашивме многу зицери, а тие имаа огромна поддршка од нивниот голман. Но, се собравме во вториот дел, во соблекувалната се договоривме како да одиграме и задачата која ни ја даде тренерот ја спроведовме на теренот, – порача Талески, кој во продолжение ни ги долови зборовите на Раул на полувремето.

– Од негова страна беше кажано да продолжиме со ист ритам во одбрана, но побара да бидеме посигурни во нападот. Во вториот дел успеавме да го направиме тоа, иако нецелосно со оглед на тоа што нивните голмани повторно имаа одбрани. Сепак, во овој дел и нашите голмани имаа одбрани, па мислам дека тоа го донесе пресвртот, – заврши младиот Филип.

Фото: Филип Вирановски / РФМ

Facebook Коментари