Поврзете се со нас

Европски првенства

Талески: Останувам на тоа што го кажав, ќе пробаме да се надигруваме со Данска

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Македонската репрезентација денеска нема натпревар на Европското првенство и таа пауза ќе може да ја искористи да се анализираат некои работи, да се увидат грешките, слабостите од дуелот со Црна Гора се со цел што подобро да се претставиме утре во последната средба од оваа фаза против големиот фаворит Данска.

Во нашиот табор се уште е големо разочараувањето од вчерашното издание против Црногорците, па Филип Талески и денеска порача дека останува на тоа што го кажа вчера во пресметката во Дебрецин (СРАМНО Ништо друго не сакам да кажам), но и дека ќе дадат се за да најдобар начин го завршат настапот на овој шампионат.

-Останувам на тоа што го кажав по вчерашниот натпревар, а тоа е дека како репрезентација одигравме еден срамен натпревар. Меѓутоа што е тука е, утре се соочуваме со Данска. Во Скопје одигравме еден добар натпревар, ги победивме. Тоа е топка, се можно. Сепак Данците во првите два натпревари покажаа дека се моќни, целат кон златото. Денеска и утре ќе ги анализираме, одиграме да се надигруваме како што тоа го направивме во Скопје и  што биде нека биде. Сакаме да го завршиме ова првенство со еден добар и борбен натпревар, -порача Талески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни