Македонија
Талески нов голман на Вардар, потврден и потписот на напаѓачот Спахиу
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар официјализираше уште две засилувања за вториот дел од натпреварувачката 2024/2025.
„Црвено-црните“ добија нов голман во името на Давор Талески кој досега беше дел од составот на Шкендија. Се работи за искусен голман кој долго е на домашната фудбалска сцена, а има настапувано и во странство во Финска и Грција.
Воедно скопскиот тим официјално го потврди и Едиз Спахиу како нов играч. Имено прво беше објавено дека ќе го засили Вардар, потоа беше демантирано дека има потпишано договор и дека приоритет на офанзивецот е да замине во странство за да денеска биде потврден неговиот ангажман.
Спахиу беше еден од најдобрите ако не и најдобар играч на Тиквеш во изминатиов период, тим со кој го освои и Купот на Македонија.
Во кариерата има настапувано уште за Гостивар и Шкендија.
-
Италија21 час
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства18 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија16 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија21 час
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија20 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија19 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија18 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Шпанија19 часа
Пресврт: Јувентус останува без планираното засилување од Барселона