Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Талески: Ние сме подготвени, свесни сме што не чека и што значи да се игра за Вардар

Објавено

на

Вардар првиот тест во новата сезона во Лигата на шампионите ќе го има на гостински терен против составот на Мешков Брест.

Таа средба се игра утре со почетокот од 18:45 часот, а желбата, целта на вардарци е да ја отворат кампањата со поволен резултат. Противникот е добро анализиран и избраниците на Алушовски се спремни за борба низ сите 60 минути на жешкиот терен во Брест

-Почнува новата сезона во ЛШ, се соочуваме со позната екипа со која Вардар многупати низ годините се борел во СЕХА лигата и ЛШ. Се знаеме многу добро со Мешков Брест. Игравме против нив и минатата година, сега ги гледавме на Ф4 турнирот во СЕХА. Ние максимално сме подготвени.

-Невообичаено ни е што натпреварите ги играме без публика и тоа ни е чудно. Ама таму публика ќе има, се продаваат билетите и тоа ќе биде голем плус за нив. Сепак во минативе сезони Вардар покажа дека не признава тежок терен ниту во гости, ниту дома, ниту било каде. Вардар не се откажува, има карактер и игра до последна минута, па се надевам на добар резултат. Да се отвори една нова сезона со позитивна атмосфера. Доста се анализираше овој период и нашата игра и играта на противниците и мислам дека веќе сме свесни што не чека и што значи да се игра за Вардар, -истакна Филип Талески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни