Поврзете се со нас

СЕХА лига

Талески: Ми требаше еден ваков меч, ќе бидам уште подобар во иднина

Објавено

на

blank

Екипата на Вардар го совлада Нексе со 27-26 во СЕХА лигата во меч во кој еден од најдобрите поединци на теренот беше Филип Талески.

Македонскиот репрезентативец конечно заигра на високо ниво, покажа што знае и умее, па се надева токму оваа партија ќе му го отвори патот до уште подобро изданија во „црвено-црниот“ дрес.

-Среќни сме поради оваа победа. Не беше лесно, двата тима добро се познаваат. Добро го отворивме натпреварот, но во последните петнаесетина минути им дозволивме и дефинитивно треба да поработиме на тоа. Не смееме тоа да го дозволиме. Задоволен сум од мојата игра, ми требаше вакво нешто за самодовербата, ќе бидам уште подобар во иднина, -истакна Талески кој средбата во СЦ „Јане Сандански“ ја заврши со 6 голови од 9 обиди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни