Талески и Левен преку драма до четвртфинале, Миркуловски и Вецлар немоќни против Мелсунген

tale-rnl

Филип Талески и Рајн-Некар Левен по голема драма и по дополнителни 10 минути обезбедија пласман во четвртфиналето на Купот на Германија.

Иако важеа за големи фаворити, „лавовите“ против Бергишер кој даде се од себе пред своите гледачи, ама на крајот мораше да се помири со пораз од 32-29. Регуларниот дел од мечот заврши со 24-24 по што се играа продолженија два пати по пет минути во кои Левен беше подобар со 8-5 за место меѓу осумте најдобри во ова натпреварување.

Најдобар беше Шмид со 11 голови, додека нашиот Талески немаше учинок кога е во прашање офанзивниот дел.

Филип Миркуловски и Јане Цветковски со нивниот Вецлар пак загубија од Мелсунген со 28-20. Гостите веќе во првото полувреме направија предност од пет разлика која потоа не ја испуштија и славеа во „Ритал Арена“.

Миркуловски имаше една асистенција, а пак Цветковски не доби шанса за настап.

Facebook Коментари