Талески и Левен ја средија Барселона на стартот на новата сезона во ЛШ

kolbaher

Германскиот бундеслигаш Рајн-Некар Левен на позитивен начин со победа над Барселона од 35-34 ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите.

„Лавовите“ од Манхајм беа многу подобар и поквалитетен ривал на оваа средба, комплетно го надиграа шпанскиот шампион иако тоа не го говори конечниот резултат. Домаќините го решија во своја полза првиот дел со 16-13 за да во второто полувреме во повеќе наврати дојдат до плус шест и плус седум, но на крајот четата на Пасквал успеа да се наметне и избори за резултат со помала негатива.

Ветеранот Сигурдсон со 6 голови беше најефикасен кај победниците, а пак за гостите 11 погодоци даде Гомез.

Македонскиот репрезентативец Филип Талески не доби можност на оваа средба која пак ја судеја нашите арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Facebook Коментари