Талески и Левен го заборавија Вардар и без проблеми го решија Кристијанштад

filip

Бундеслигашот Рајн-Некар Левен го остави на страна поразот од Вардар и дојде до убедлив триумф над Кристијанштад од 36-27 во денешниот меч од петтото коло во Лигата на шампионите.

Филип Талески и компанија го добија овој натпревар и тоа откако во двете полувремиња постигнаа по 18 голови (18-14, 18-13) што беше сосема доволно за да се надигра шведскиот претставник. Најрасположен за игра беше Радивојевиќ со девет голови од десет обиди, додека Талекси имаше учинок од два гола од вкупно шест удари кон противникот.

Во следната рунда „лавовите“ му гостуваат на Дејан Манасков и Веспрем.

Facebook Коментари