Поврзете се со нас

Македонија

Талески и во наредната сезона ќе го носи дресот на Вардар

Објавено

на

Екипата на Вардар има да одработи уште неколку предизвици во актуелнава сезона, но веќе на големо размислува и за наредната сезона каде веќе официјално се потврдени неколку промени во играчкиот кадар, за некои за кои јавноста веќе знае треба да се соопштат од страна на клубот, а меѓу нив секако е и за иднината на тренерот Стефче Алушовски.

Тој си заминува до крајот на сезоната, воедно доаѓаат уште неколку нови имиња, но најновата вест од црвено-црниот табор е дека ќе остане Филип Талески.

-Останувам во Вардар и следната сезона. Имав и други понуди, но мислам дека одлуката да останам во Вардар е најдобрата. Договорот е на една година, со можност да биде продолжен за уште една, –изјави за g-sport.mk  македонскиот репрезентативец.

Талески минатата година се врати во Македонија по неколкуте години минати во Германија во Рајн-Некар Левен и Балинген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни