Поврзете се со нас

Светски првенства

Талески: И ние сакаме да победуваме, имајте трпение со оваа репрезентација

Објавено

на

Македонските ракометари полека го забораваат дуелот со Шведска и фокусот го ставаат на утрешниот натпревар против домаќинот Египет.

Ние одигравме далеку под своето ниво против Швеѓаните, додека пак Египет беше сигурен против Чиле, па ова дефинитивно ќе биде сериозен предизвик, тест за избраниците на Данило Брестовац за да видат до каде им се силите и едноставно да се види до каде може оваа репрезентација во овој момент.

Филип Талески беше еден од најкритикуваните македонски играчи по вчерашниот пораз, но тој побара трпение, време од јавноста, медиумите за оваа репрезентација која според него ќе има што да кажа во наредниов период.

-Не треба да бараме алиби и изговор за тоа што го одигравме против Шведска. Едноствно не одигравме тоа што беше договорено, не бевме борбени, да гинеме еден за друг, не бевме добри ни во одбрана ни во напад. Ние знаеме дека сите сакаат се најдобро за репрезентацијата, сакаат да играме добро, тоа и ние го сакаме  ние, но треба трпение за оваа репрезентација. Потребно е време. Сега треба да се фокусираме на тоа што не чека. Против Египет мораме да одиграме на повисоко ниво ако сакаме подобар резултат, -истакна Талески.

Средбата меѓу „фараоните“ и „црвено-жолтите“ се игра утре од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни