Поврзете се со нас

Свет

Талески и Бенфика со трета победа за пет дена во Португалија

Објавено

на

Тимот на Бенфика од кој дел е нашиот Филип Талески во рок од само неколку дена забележа три победи во првата лига на Португалија.

Имено само за пет дена Филип и другарите го решија лидерот Спортинг, потоа се справија со Хорта, а најнова жртва е Повоа која беше решена со 39:24. Домашните ракометари беа сигурни во двете полувремиња, првото го реализираа со плус осум (22:14), второто со 17:10.

Талески реализираше двапати на овој меч, најефикасни беа Кавалканти и Рамел со по шест голови.

Бенфика со учинок 14-3 е на третата позиција на табелата.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни