СЕХА лига
Талески директен: Ако играме вака, нема да ги оствариме нашите цели!

Екипата на Вардар не се покажа во посакуваното светло на дуелот во Белград кај Партизан и загуби со 28-22 во рамките на СЕХА лигата.
„Црвено-црните“ имаа проблеми во првиот дел, меѓутоа на пауза заминаа со негатива од само еден гол (15-14) што требаше да претставува основа за подобра игра по паузата, ама се случи сосема спротивното, одиграа особено лошо во нападот, дадоа само осум гола за 30 минути што на крајот резултираше до убедлив пораз.
Ваква игра не се очекува од вардарци и тоа многу добро го знае Филип Талески кој со 9 голови беше најсветлата точка на македонскиот шампион на оваа средба.
-Сакам да му честитам на Партизан на одличниот натпревар. Мораме да ги анализираме нашиот пристап и перформансите и да сфатиме дека нема да можеме да ги оствариме нашите цели ако играме вака. Мора да бидеме поагресивни во одбраната и да ги минимизираме техничките грешки, особено против противниците кои знаат истите да ги искористат, -порача Талески.
-
Балканпред 14 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 22 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 14 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 12 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Хојбјерг за искрениот Конте: Мора да ги образложи критиките пред нас…