Поврзете се со нас

Шпанија

Талентот на Барселона за понудата од Јунајтед: Размислувам само за…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона повторно стави фокус на својата школа, поточно одново гледаме како млади, талентирани играчи се промовирани во првата екипа и имаат значајна улога.

Еден од оние кој имаше навистина импресивна прва сениорска сезона е Фермин Лопез кој постигна 11 гола и забележа 4 асистенции во сите конкуренции, партии со кои избори место во шпанската репрезентација на ЕП, а ќе биде дел и од составот на „црвената фурија“ на ЛОИ во Париз.

Тие изданија донесоа интерес и од друга клубови, па се појави информација дека Манчестер Јунајтед понудил 30 милиони евра, понуда која била одбиена од клубот.

-Не го читам печатот, не ме интересира многу. Важно е дека сакам да бидам во Барселона, размислувам само на Барселона. Ништо друго, -порача 21-годишниот Фермин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни