Поврзете се со нас

Шпанија

Талентот на Барселона сака да биде како Меси: Тој е мој идол, ме инспирира

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона е познат како клуб кој многу често ја користи својата школа и промовира играчи кои можат да одговорат на задачите, помогнат во остварување на зацртаните цели на шпанскиот великан.

Има доста таленти, бисери, примери низ историјата, а последен кој се пробива на големата сцена е Јамин Ламал кој во изминатиов период постави нов рекорди како во дресот на Барселона така и за Шпанија.

Талентираното момче има поставено високи цели за блиски и подалечна иднина, поточно сака да ги следи стапките на Лионел Меси.

-Ова е важна награда. Прва што ја добив на меѓународно ниво. Би сакал да го освојам вистинскиот, апсолутно најдобриот. Знам за тоа, видов кој го освои, па дури и Меси, би сакал да бидам во таа чесна листа. Порано или подоцна ќе се видиме во Торино, ветувам.

-Меси е мојот идол. Секогаш бил, продолжува да биде и сега кога играм за Барселона. Тој ме инспирираше. Никогаш не сум имал друг идол. Еднаш се фотографирав со него. Бев непознат. Можеби еден ден ќе бидам како него, -порача тинејџерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни