Поврзете се со нас

Германија

Талентот на Барселона блиску до трансфер во Бундеслигата

Објавено

на

Еден од најголемите таленти кои потекнуваат од школата на Барселона, Илаиш Мориба се наоѓа пред трансфер во германската Бундеслига.

Младиот фудбалер кој претходно одби да ја продлжи соработката со „каталонците“ и дефинитивно ќе си оди од шпанскиот гигант и кариерата ќе ја продолжи во клубот кој досега се покажа како одличен за работа со млади фудбалери.

Мориба е пред договор со Ред Бул Лајпциг кој притиснал за потписот на фудбалерот кој минатата сезона блесна под водство на Роналд Куман.

За 18 годишниот фудбалер кој лани беше стрелец на еден погодок и запиша три асистенции во сениорскиот тим на Барселона интерес имаше и од тимот на Тотенхем кој на крај сепак не успеа да го обезбеди неговиот потпис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни