Поврзете се со нас

Англија

Талентот на Барса официјално се пресели во Челси: Си го исполнив сонот (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Челси се навикна да купува млади фудбалери кои допрва треба да се докажуваат на највисоко ниво, па идентичен рецепт повтори и со големиот талент на Барселона.

Англискиот великан ја активираше откупната клаузула вредна 6 милиони евра за Марк Гију и го претстави како ново засилување на официјалното отворање на летниот преоден рок, потег со кој стана јасно дека младиот талент на Барса реши кариерата да ја гради во Премиер лигата.

Гију доби неколку шанси од Чави Ернандес и собра седум натпревари во првиот тим, но 18-годишникот се реши да направи огромен чекор со трансфер во Англија, слично како што направија Сеск Фабрегас и Жерард Пике пред две децении.

– Од најмали нозе мој сон беше да стигнам до Прермиере лигата. Сега имам можност да сум дел од Челси и ќе работам напорно за да го дадам најдоброто за клубот.

– Главниот мотив поради кој потпишав за Челси е фудбалскиот проект кој ми беше понуден, тука им се дава шанса на младите и многу се верува во надежни фудбалери. Клубот има интересен план за младите играчи и верувам дека заедно ќе оствариме големи нешта, – изјави Гију.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни