Поврзете се со нас

Германија

Талентот на Барса го глумеше Роналдињо на средина на теренот, па беше изваден уште на полувреме (Видео)

Објавено

на

Жан Пјер Тодибо беше доста споменуван во јавноста во изминативе неколку дена, особено откако се појави шпекулација дека Карло Анчелоти е сериозно заинтересиран да го купи од Барселона.

Шалке 04 очигледно нема да биде финансиски моќен да ја исплати неговата клаузула од 25 милиони евра по корона кризата, но тоа секако нема да претставува проблем на Евертон кој во последните години располага со доста пари на трансфер пазарот.

Но, додека медиумите излегуваа со гласини за неговата иднина, Тодибо денеска беше главен виновник за голот кој го постигна Вердер Бремен на „Фелтинс арена“, а по кој Шалке забележа уште еден пораз во Бундеслигата.

Шалке има ужасен рестарт на сезоната со четири порази на четири одиграни натпревари, а денеска во новиот неуспех на домашен терен кумуваше талентот на Барселона кој очигледно има уште многу да учи.

Тодибо го глумеше Роналдињо на средината на теренот и се поигруваше со противниците, па неговата глупост заврши со одличен гол на Битенкурт, со кој Вердер Бремен оствари значен триумф во битката за опстанок. За да биде грижата на совест уште поголема за младиот стопер, Тодибо беше изваден од игра уште на полувремето, а шанса на негово место доби Осципка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни