Поврзете се со нас

Репрезентација

Талентите на Цапар доживеаја непријатно изненадување од Летонија

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година се подготвува за евро-квалификациите кои следат, но турнирот во Турција го отвори на доста лош начин и претрпе неочекуван пораз.

По пет одлични настапи во низа и без претрпен пораз, младите таленти на Драган Каналатларовски денеска скапо ги платија грешките кои ги направија во одбраната и им подарија победа на ривалите.

Сосема изненадувачки, Летонија оствари висока победа над Македонија во Анталија, максимално користејќи ги сите грешки кои ги направија нашите млади играчи во потесната одбрана.

Летонците победија до 3:0 и испратија сериозно предупредување до талентита на Цапар, кој сега ќе мора да се приберат и доста подобро да се насочат кон вториот меч во Анталија.

Вториот натпревар го играаат против селекцијата на Финска, а пријателскиот турнир ќе го затворат со Словачка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни