Талентираниот Сулејмани потпиша за Легија

alban sulejmani

Талентираниот македонски фудбалер, Албан Сулејмани е нов член на прославениот полски клуб Легија Варшава.

Сулејмани кој има 18 години ги задоволил вкусовите на полјаците кои му понудија договор до крајот на натпреварувачката 2019/2020, а истиот беше прифатен од офанзивниот фудбалер кој досега ги бранеше боите на Ренова.

-Добро се покажа на тестовите и ние одлучивме да му дадеме шанса и да му понудиме договор. Станува збор за офанзивен играч, добро е физички граден за негова возраст и ние треба да помогнеме дополнително да се развие. Тој има одличен потенцијал и останува сега да се докаже, -истакнуваат од Легија.

Сулејмани минатата сезона беше на проба во овој клуб, остави добар впечаток, а да се реализира овој трансфер помогна и фактот што играше за сениорската екипа на Ренова.

Facebook Коментари