Поврзете се со нас

Македонија

Талентираниот Стојанов потпиша нов договор со Брера Струмица

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

Талентираниот Кире Стојанов и во иднина ќе го носи дресот на екипата на АП Брера Струмица.

Стојанов има 18 години и ја покрива позицијата крило, тој е стандарден член на младинските репрезентации на Македонија и во него клубот има голема доверба и потврда за тоа е новиот четиригодишен договор.

-Навистина ни преставува задоволство што Кире Стојанов потпиша продолжеток на соработката со нашиот клуб и во наредните четири години бидјеки имаме многу верба во него и неговиот потенцијал. После повредата на коленото речиси година дена беше надвор од натпреварувачкиот фудбал но работеше да се врати подготвен за терените, процес во кој го следевме контуинирано како клуб.

-Во прашање е еден од најтелентираните играчи во историјата на Академијата и очекуваме од него многу во иднина. Наскоро очекуваме потписи да стават и играчи од талентираните генерации 2005, 2006 и 2007 година. На подготовките со првиот тим ќе се приклучат и млади фудбалери кои ќе добијат шанса да се наметнат кај стручниот штаб. Младите фудбалери се нашето најголемо богатство на клубот и на нивниот развој и приклучување во првиот тим ќе ни биде најголемиот фокус, -порача спортскиот директор Јован Симиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни