Талентираниот Секулов тренираше со првиот тим на Јувентус (Фото)

juve-trening

Никола Секулов денеска имаше посебна привилегија како член на младинската академија на Јувентуа, а тоа е одработениот тренинг со ѕвездите од првиот тим на италијанскиот клуб.

Македонецот кој е член на У-17 тимот на „бјанконерите“ и сезонава е првотимец со одлична минутажа во својата генерација, а како награда за добрите игри денеска имаше тренинг дуели со Роналдо, Дибала, Манџукиќ, Бонучи, Кансело и останатите кои се подготвуваат за натпреварот против Џенова.

Секулов денеска не се најде на списокот на селекторот македонската У-17 фудбалска репрезентација за квалификациите за ЕП со објаснување на селекторот Марио Вујовиќ дека одбил да настапува за националниот тим. Но, од неговиот табор велат дека Никола овојпат воопшто не добил повик, а во претходните случаи однапред најавил дека нема да може да одговори позитивно, поради клупските обврски.

sekulov-dibala sekulov-cancelo

Facebook Коментари