Талентираниот Русин: Го мразев Федерер, не можев да поднесам…

federer-rg

Бориск Бекер пред неколку дена им испрати жестока порака на младите тенисери на кои веќе со години се чека да се истакнат на највисока сцена, па сега не само што доби одговор од Данил Медведев, тука талентираниот Русин беше до толку искрен, што откри дека пред десетина години го мразел Рожер Федерер.

Дваесет и тригодишниот Медведев се уште чека на некој позначаен резултат на грен слем турнирите, но пред да се насочи на турнирите кои следат на тревна подлога, посочи дека од круцијална помош на Федерер, Надал и Ѓоковиќ во ова модерно време е константниот напредок на медицината.

– Бекер можеби е во право, а можеби и не. Мислам дека главната причина не е во тоа што ние сме слаби. Најглавната причина за нивната доминација е медицината. Тие се искусни и со помош на медицината се враќаат свежи за само два дена. Порано, сите тенисери на 30 години беа готови, сега Федерер може да одигра пет сета и за два дена да биде фит, – вели Медведев и додава.

– Го мразев Рожер. Не можев да поднесам како победува секој пат. Ги поддржував неговите ривали уште од првата рунда, едноставно природно ми доаѓаше да го правам тоа. Тоа го правев кога бев мал, имав 10 години. Истото важеше и за фудбалот. Кога Барселона освојуваше се, навивав да губат на секој меч, – открива талентираниот Русин.

Facebook Коментари