Поврзете се со нас

Германија

Талентираниот Мориба објасни зошто се одлучи да се пресели во Лајпциг

Објавено

на

Доскорешниот член на Барселона, Илаиш Мориба објасни зошто одлучи да се пресели во таборот на германскиот прволигаш РБ Лајпциг.

Мориба беше еден од најголемите таленти на каталонците, дебитираше за првата екипа, но потоа не сакаше да ја продолжи соработката или поточно бараше сума на пари за која шпанскиот великан сметаше дека е превисока за еден тинејџер.

На крајот двете страни се одлучија да се разделат, а Мориба за своја нова дестинација го избра Лајпциг.

-Многу сум среќен што можев да му се приклучам на Лајпциг. Ова е многу возбудлив клуб, оној кој отсекогаш претпочитал да игра напаѓачки фудбал што соврешно ми одговара. Уверен сум дека Лајпциг е вистинското место за мене да го направам следниот чекор во кариерата и да го продолжам својот развој, тоа е она што влијаеше врз мојата одлука.

-Сега мојот целосен фокус е да се сместам во клубот, во тимот и градот за да можам да одиграм најдобро што можам што е можно побрзо. Имаме големи цели оваа сезона и едвај чекам да се соочам со овој предизвик во Лајпциг, -порача Илаиш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни