Поврзете се со нас

Македонија

Талентираниот Матески ново име во редовите на Силекс

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcsileks

Македонскиот прволигаш Силекс ги засили своите редови со талентираниот Давид Матески кој во новата средина доаѓа од ГФК Охрид.

Тој за овој тим во изминативе две сезони одигра 24 натпревари и постигна два погодоци во втората македонска лига. Матески (17) воедно е и дел од македонската репрезентација до 18 година што зборува дека се работи за играч од кого допрва се очекува најдоброто во кариерата.

Силекс со 27 бода ќе го отвори пролетниот дел од шампионатот, прв ривал ќе им биде Брера Струмица на 18 февруари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни