Талентираниот Клајверт бесен на управата: Не продолжувам во Ајакс поради морални причини

justin-kluivert1

Џастин Клајверт се прокламираше во еден од најголемите фудбалски таленти во изминативе две години настапувајќи за првиот тим на Ајакс, но сега станува јасно дека синот на легендарниот Патрик сепак нема да остане во својот матичен клуб, откако јавно го искажа незадоволството од страна на управа „црвено-белите“ од Амстердам.

Младиот Клајверт открива дека ги прекинал преговорите со клубот за продолжување на договорот, порачувајќи дека ова лето ќе си пронајде нова дестинација каде ќе може да го доразвие својот голем фудбалски талент.

– Не го продолжувам договорот со Ајакс поради морални причини и поради недостиг на доверба во управата. Ајакс ме форсира да ставам потпис на договорот за да можат да бараат повеќе за мојот трансфер. Мојот план беше да останам, но во последно време се случија многу работи. Јавноста мисли дека се работи за пари. Не чекам пари на оваа возраст, мене ми е најважен фудбалот и сакам да напредувам без никакви притисоци. Разбрав дека минатата сезона без мое знаење ми договориле трансфер во Тотенхем за оваа сезона. Тоа не кажува нешто лошо за Ајакс, туку за луѓето кои го водат клубот во овој момент. Не може да прават што ќе посакаат, – вели 19-годишниот Клајверт кој повеќе од сигурно, ова лето ќе направи голем трансфер.

Facebook Коментари