Поврзете се со нас

Македонија

Талентираниот Јаничиќ доби покана за настап на НБА кампот во 2025 година

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Македонија секогаш имале талентирани деца во сите спортови, а еден од нив дефинитивно е Никола Јаничиќ, еден од нашите најдобри млади играчи, капитен на селекцијата која минатово лето го освои првото место на Европското Првенство – Б дивизија.

Јаничиќ напорно работи за да напредува, а напорната работа секогаш вродува со плод.

Имено капитенот на јуниорска репрезентација доби покана за учество во деветтото издание на кампот „Кошарка без граници“ (Basketball without borders – BWB). Престижниот камп е организиран од НБА и ФИБА во рамки на програма за глобален развој со акцент на подобрување на кошаркарските вештини на младите таленти на возраст до 18 години и промоција на: лидерство, образование, спортски дух и здрав живот, како и пријателство и почит.

Никола ја започна својата кошаркарска кариера на десет годишна возраст во клубот Водно Санс од Скопје. Седум години подоцна го предводеше националниот тим до 18 години до златниот медал, на Европското првенство (дивизија Б) кое летото што измина се одигра во Скопје. Тој беше прогласен и за најкорисен играч на првенството (MVP). Годината претходно (2023 година), тој беше прогласен за најдобар млад играч од страна на КФСМ на наградите за најдобрите од 2023 година.

За 2025 година, предвидено е кампот да се одржи во периодот 14. до 16. февруари, во Сан Франциско, Калифорнија (САД).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни