Македонија
Талентираниот Гаштаров бележи значителен прогрес: Целта ми е да заиграм за првиот тим на Црвена Звезда
Матеј Гаштаров е добро познато име за оние кои ги следат младинските категории во мак-фудбалот, но за оние кои не се доволно упатени, станува збор за талентиран младински репрезентативец кој неодамна направи трансфер во Црвена Звезда.
Офанзивниот играч за врска фудбалски се развиваше во младинските школи на Металург и Вардар, но во 2024-та година го направи првиот интернационален трансфер и потпиша за Црвена Звезда.
Гаштаров за само неколку месеци успеа да се наметне и има улога на стартер во младинскиот тим на српскиот велика, за кој забележа и шест настапи во Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец во разговорот со Спортско радио 90.3 фм говореше за првите искуства кои ги има во Белград и за разликите во условите кои ги нуди Србија како фудбалска земја, но и за промената на која морал да се навикне во краток временски интервал.
– Сега во Црвена Звезда играм како последен играч за врска, додека во Вардар играв зад напаѓачот. Ми беше тешко да се прилагодам, но успевам да се снајдам. Играч кој знае да игра фудбал, може да игра на било која позиција, – вели 18-годишниот Матеј, чија цел е да заигра за првиот тим на Црвена Звезда, но во иднина и да се врати во Вардар.
– Секако дека има шанси да заиграм за првиот тим на Звезда. Се надевам дека ќе стигнам до првиот тим и дека ќе ми се исполни желбата, – додава Гаштаров кој фудбалските почетоци ги имаше во Металург.
– Од свои 5-6 години бев во Металург, а потоа во Вардар бев осум години. Вардар ми остави голем впечаток и кога тогаш ќе се вратам во тој клуб. Вардар ми е во срцето, – потенцира Матеј.
Целиот разговор со талентираниот фудбалер проследете го на следниот ЛИНК
-
Светски првенства18 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија23 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија17 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Шпанија22 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Светски првенства18 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Англија22 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Германија23 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Свет23 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот