Поврзете се со нас

Англија

Талентираниот Бајчетиќ потпиша нов договор со Ливерпул: Ова е лудо, пред една година…

Објавено

на

Премиерлигашот Ливерпул промовираше неколку млади имиња во досегашниот тек на оваа сезона, а едно најмногу се истакна, издвои-тоа е 18-годишниот Стефан Бајчетиќ.

Шпанецот со српски корени одлично ја искористи дадената можност од менаџерот Јирген Клоп, имаше квалитетни минути на теренот кои му донесоа нов договор според кој ќе остане на „Енфилд Роуд“ најмалку до 2027 година.

-Ова е лудо. Пред една година играв фудбал со У-18, а сега започнав неколку натпревари, го направив моето деби, па дури и постигнав гол – тоа беше нешто што никогаш не очекував да се случи оваа година, порача Стефан за официјалната клупска страница на „црвените“.

Бајчетиќ настапи за десет натпревари за Ливерпул во оваа сезона од кои три беа во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни