Поврзете се со нас

Свет

Талентираната Младеновска има нов клуб во Франција (ФОТО)

Објавено

на

Талентираната македонска ракометарка и воедно репрезентативка, Ива Младеновска има нов клуб во Франција.

Младеновска до крајот на натпреварувачката 2024/2025 ќе биде дел од составот на Безансон. Имено Безансон се соочува со доста повреди, повредени играчи и ја искористи опцијата „медицински џокер“, односно ја доби Ива на позајмица од Брест Бретањ до крајот на сезонава.

-Многу сум среќна што потпишав со Безансон до крајот на сезоната и благодарна што ќе имам шанса да играм во првата лига. Едвај чекам да започнам и се надевам дека ќе можам да му помогнам на тимот да ги постигне своите цели и да победи во натпреварите, -порача Македонката која сезонава одигра само два натпревари за Брест, тим со кого во 2023 година потпиша четиригодишен договор.

foto:www.facebook.com/ESBFHandball

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни