Поврзете се со нас

Италија

Талентиран француски дефанзивец пристигнал на лекарски прегледи во Милано

Објавено

на

Досегашниот фудбалер на Олимпик Лион, Пјер Калулу од денеска е во Милано и наредниве денови ќе стави потпис на договорот со екипата на Милан.

Калулу доаѓа како слободен играч откако му истекол договорот со Лион, а италијанскит клуб смета дека 20-годишниот дефанзивец поседува голем потенцијал.

Новинарот Џанлука Ди Марцио го потврди трансферот објавувајќи фотографија од Калулу од еден хотел во Милано, иако играчот пристигнал подоцна од најавеното бидејќи тој и семејството не можеле да најдат соодветен лет, па решил да патуваат со автомобил.

Се очекува дефанзивецот да ги мине лекарските прегледи во среда, по што официјално ќе стане дел од семејството на „росонерите“. Дел од медиумите шпекулираа дека за него сериозно бил заинтересиран и Баерн, но Калулу бил убеден да се пресели во Италија лично од легендарниот Паоло Малдини.

Калулу има три настапи во младинските категории на француската репрезентација, а допрва ќе се бори за место во сениорскиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни