Лига на шампиони
Талант со емотивната порака од пресот до трагичарот Алекс Душебаев (Видео)

Виве Кјелце не загуби на ниту еден натпревар со Барселона оваа сезона во регуларен тек, но кога беше најважно, каталонскиот гигант имаше поголема умешност и вчера испиша историја во Келн.
Големото финале во Лигата на шампионите не доби победник по 60 минути игра и по одиграно продолжение, па на крајот решаваше пенал рулетот и подобрата концентрација на играчите.
Во такви услови, подобро се снајде Барса која испиша историја и стана првиот тим кој ја одбранил титулата на фајнал-фор турнир во Лигата на шампионите, а трагичар во пенал рулетот беше поранешниот вардарец, Алекс Душебаев.
Перез Де Варгас го доби дуелот на двајцата Шпанци и го фрустрираше ракометарот на Кјелце, кој подоцна на прес-конференцијата мораше да биде утешен и од својот татко и тренер, Талант Душебаев.
– Можам да бидам само многу горд. Игравме три меча со Барселона и никогаш не изгубивме. Загубивме само на пенали. Сакам да искажам благодарност до Алекс Душебаев, знам дека сега за него е многу тешко. Јас како тренер и како татко можам да го кажам следното: Ти си најдобар и ти си најдоброто што сум го имал во мојот живот, – изјави Талант.
Кјелце во регуларниот дел од сезоната двапати ја победи Барселона, но вчера во финалето загуби во драмата со пенал рулет и остана без европската титула.
A coach's words to his captain. A father's words to his son.
"I have to give my biggest gratitude to @AlexDujshebaev. He is the best player in the world. As a coach and as a father I have to say: Alex you are the best — the best I have in my life."#ehffinal4 @kielcehandball pic.twitter.com/znlYlPSaPV
— EHF Champions League (@ehfcl) June 19, 2022
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 15 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 22 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Светпред 24 часа
Мајсторија во негов стил: Дончиќ со магична асистенција одново го воодушеви кошаркарскиот свет (ВИДЕО)