Поврзете се со нас

Македонија

Талаков од Академија Пандев направи трансфер во Словачка

Објавено

на

Досегашниот член на Академија Пандев, 18-годишниот Мартин Талаков направи трансфер во Словачка и тоа во составот на Подбрезова.

Тинејџерот кој минатава сезона ја мина на позајмица во Борец се одлучи да ја прифати понудата на словачкиот второлигаш и да започне интернационална кариера.

-Среќни сме и горди што реализиравме уште еден трансфер на фудбалер произлезен од нашата школа Мартин Талаков. Заедно со играчот одлуката беше да се прифати понудата на ФК Подбрезова од Словачка и да биде пропратна станица за идни поголеми трансфери во неговата кариера. Мартин ти посакуваме многу успех и радости во новиот клуб, -порачаа од Академија Пандев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни