Тактиката на Дешамп за големото финале: Сопрете го Манџукиќ, а потоа додајте ја топката до…. (Видео)

desamp-bozica

Дидие Дешамп успеа да ги замолкне сите критичари за лошата игра на стартот на мундијалот, па со успехот кој го постигна во текот на шампионатот, успеа да се запише во историјата и да влезе во посебно друштво како само трет човек кој успеа да го освои Светското првенство и како играч и како тренер.

Дешамп беше дел од златната генерација на Франција која го освои мундијалот на домашен терен пред 20 години, а судбината посака да биде предводник на оваа млада генерација на фудбалери која направи вистински подвиг на натпреварувањето во Русија.

„Триколорите“ добиваа критики и од ривалите за дефанзивниот пристап и играта на контри, но сепак тој рецепт се покажа како крајно позитивен за Дешамп бидејќи Французите успеаја да стигнат до титулата победувајќи во финалето со 4:2.

Хрватска беше подобар тим и според статистиката и според прикажаното на теренот, но сепак она што најмногу вреди во фудбалот, головите, беа на страна на Французите. Прекините и контрите се покажаа како главно оружје на Французите на овој мундијал, а сега телевизија „ТФ1“ откри кој бил говорот на Дешамп на полувремето од финалето и колку едноставна била неговата тактика.

– Гледате како играат, можете да почувствувате дека се агресивни. Одма ќе го бараат Манџукиќ. Манџукиќ ја спушта топката со глава, со гради, ја врти топката со нога. Бидете претпазливи со него, тој секогаш може да ја освои топката со глава, бидете претпазливи. Немој да бидете статични, движете се кога сте до него, затворете го, – порачува Дешамп, а потоа им порачува на играчите да ја додаваат топката до супебрзиот Мбапе.

– Додавајте ја топката, најбрзо што можете, ослобедете се од неа. Додајте ја до Килијан. Антоан (Гризман), врати се да ја земеш топката при контрите. Стоиш преблиску до напаѓачите, треба да ни отвориш повеќе простор и да ја шириш играта. Имаме уште 45 минути, знаете што след. Кога ја имаме топката, бум, дајте ја напред, – вели францускиот селектор.

Facebook Коментари