Поврзете се со нас

Италија

Такинарди: На Јувентус му недостасува еден човек

Објавено

на

foto: x.com/juventusfcen

Јувентус ги израдува своите фанови со победа во дербито против Интер, но само неколку дена подоцна дојде разочарувачкиот пораз од ПСВ и елиминацијата во Лигата на шампионите.

Тренерот Тиаго Мота повторно заработи многу критики од речиси сите стручни коментатори и поискусни колеги на „чизмата“, нешто што во своето подкаст гостување го повторил и Алесио Такинарди.

Клупската легенда на „бјанконерите“ има многу нејаснотии за одлуките на тренерот, неговиот избор на фудбалери и замени, но испратил критики и до раководството и начинот на кој се влечат потезите во клубот.

Во дел од своето излагање, Такинарди истакнал дека на Јувентус во моментов му е потребен човек како Алесандро Дел Пјеро, алудирајќи на желбата на многу фанови да го видат поранешниот капитен како дел од актуелниот менаџмент.

– Во Милан кога има тежок момент, пред камерите се појавува Златан Ибрахимовиќ и застанува зад тренерот и екипата. Во Јувентус Мота и Локатели имаа различни ставови по поразот од ПСВ, а клубот никаде го нема, Мота е оставен сам на себе исто како Алегри минатата сезона.

– На клубот му недостасува еден човек, а тоа е Алекс Дел Пјеро. Харизматична личност, почитуван и обожуван во целиот свет, зборува илјада јазици, тој е перфектен избор и прашање е зошто не е дел од клубот. Не верувам дека има посебни барања за да добие функција, Кјелини врши добра работа, но неговата функција е поинаква. Можеби спортскиот директор Џунтоли не сака да му пречи некој како Дел Пјеро, – рекол Такинарди.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни