Поврзете се со нас

НБА

Такер го „собра“ Дурент, па и изрази љубов на мајката на ѕвездата на Бруклин (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Милвоки Бакс по една голема и исцрпувачка борба излезе како победник од завршната пресметка против Бруклин Нетс во полуфиналето на Истокот во НБА лигата.

Бакс славеше по продолжението со 115-111 и сега ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Филаделфија и Атланта Хокс. Дуелот во „Барклајс Центарот“ донесе многу возбуда, тензија, ама и цврсти фаули, па така при еден имаше што да каже и мајката на Кевин Дурент, госпоѓата Ванда.

Дурент беше испратен на паркетот од страна на Пи Џеј Такер по што Ванда почна гласно да размилсува и порача:

-Ова не е рагби, ова е кошарка, -истакна мајката на Дурент по што Такер одговори:

-Те сакам- рече Такер на што веднаш доби одговор.

-И јас те сакам, -рече Ванда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни