Македонија
Така предупредуваше Лазаров: Честитки за Сергеј, но Вардар не произведе македонски играч!
Капитенот на македонскиот ракометен тим, Кирил Лазаров, секогаш се издвојувал со своите визионерски изјави и често знаел да погоди кога анализирал на разни ракометни теми.
Овој пат, „Дерби“ го контактираше Лазаров за да го потсети на неговата изјава објавена на 4 октомври 2013 година од страна на порталот „Балкан Хендбал“, каде што тој предупредува дека е време да се обезбеди иднината на македонскиот ракомет, за „да не ни се случи Кометал“. По најавата на Самсоненко за повлекување од Вардар, побаравме мислење од Лазаров кој пред четири години во споменатото интервју предлага ограничување на бројот на странците „на 7 до 8, а потоа да се намалува по еден“.
Изјавата на Кире Лазаров за „Дерби“ ја објавуваме во целост како еден цел текст, поточно анализа на сегашната ситуација.
„Спортот секогаш бил и ќе остане најголемиот амбасадор на која било држава, особено на Маедонија која живее и мечтае за квалитетен – како клубски – така и национален спорт. И двата се тесно поврзани, но националниот е иницијална каписла преку кој доаѓа и амбицијата да се создаде квалитетен клуб. Без квлитетен национален тим, тешко е да се создаде природно квалитетен клуб. Од друга страна, македонскиот граѓанин, желен за спорт, се радува подеднакво на секој успех и е најзаслужен за појавувањето на интерес кај бизнисмените да инвестираат во спортот. Најавата за повлекување на Самсоненко, кој инвестираше во Вардар, силно одекна во нашата спортска јавност, а познавајќи го Сергеј, тешко дека ќе ја повлече својата одлука.
Тоа води кон сериозни проблеми за една институција со голема традиција како што е Вардар, воедно и за целиот македонски спорт. Да се потсетиме што се случи со Кометал Ѓорче Петров, кој и покрај тоа што беше европски шампион со своето згаснување го врати женскиот ракомет 25 години наназад. Да можам да бирам меѓу титула и константно добро функционирање, како и произведување македонски играчи, би го одбрал второто без многу размислување.
Не очекувам истото да се случи со Вардар бидејќи тоа е клуб со голема традиција, но треба да бидеме свесни дека никогаш повеќе нема да биде на нивото на кое што беше со Самсоненко. Без разлика на одлуката, јас би му честитал на Сергеј и би му заблагодарил за се што направи за Вардар. Меѓутоа, најголем грев е што на тие услови и инфраструктура што тој им ја понуди на своите соработници „на тацна“, не успеаја да произведат ниту еден квалитетен македонски играч кој што во иднина би служел и во македонскиот национален тим. Кој ќе ја понесе одговорноста за сето тоа што им беше дадено? Јас како многугодишен интернационалец со искуство во најдобрите европски тимови можам слободно да кажам дека ретко кој клуб имал толку добри услови за работа.
После ерата на Сергеј во Вардар ќе видиме колку љубов и срце ќе покажат играчите од актуелниот стручен и играчки кадар кон Вардар. Се надевам на ново, позитивно сценарио за Вардар, но не сум голем оптимист, туку само нереален вљубеник во спортот и ракометот. Никогаш не е доцна за добар концепт, стратегија и трпеливост. Имаме база и квалитет, луѓе кои го сакаат спортот и својата држава. Покрај квалитетни „странци“ кои треба да бидат дополнителна вредност, треба да се свртиме кон произведување сопствени играчи, на кои секогаш можеш да сметаш, како во клубскиот ракомет, така и во националната селекција.“
-
НБА23 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
НБА16 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција12 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан22 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија12 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Формула 122 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
НБА18 часа
Баркли, О’Нил и Смит ги избраа Ол-стар тимовите: Јокиќ, Јанис и Шеј во ист тим
-
Франција13 часа
„Светците“ со потег за кој ќе се зборува: Седум нови потписи во ПСЖ за еден еден (ВИДЕО)