Поврзете се со нас

Боречки спортови

Тајсон претепал провокатор за време на авионски лет (Видео)

Објавено

на

Легендарниот боксер Мајк Тајсон е снимен како удира патник кој седел зад него во авионски лет изминативе денови.

Американскиот таблоид „ТМЗ“ објави видео на кое се гледа дека Тајсон бил провоциран од непознато лице, по што стигнува „казната“ во жестоки удари со кои боксерската ѕвезда го смируваше провокаторот.

Тајсон патувал од Сан Франциско кон Флорида, а очевидци дека велат дека ВИП патникот бил одлично расположен и комуницирал со останатите патници, но не успеал да ги издржи провокациите на едно од момчињата кои го смениле расположението.

Нападнатиот го напуштил авионот со видливи повреди и разговарал со полицијата за инцидентот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни