Поврзете се со нас

Боречки спортови

Тајсон покажа ново видео кое најдобро ја демонстрира неговата застрашувачка брзина и брутална моќ

Објавено

на

Мајк Тајсон ги користи овие вонредни карантински денови за спортски активности, односно одлучи да им се врати на напорните тренинзи со цел да има и ревијално враќање во рингот.

„Челичниот Мајк“ најави дека би се вратил во рингот за хуманитарни цели и во егзибиционен карактер, но дека нависитна е сериозен во тоа што го збори веќе ни докажа со неколку видеа кои ги сподели на социјалните мрежи.

Дури и неговиот тренер потенцираше дека легендарниот боксер е во завидна форма со оглед на долгогодишната пауза, а дека дополнително напредува од тренинг во тренинг ни демонстрираше со последното видео.

Мајк имаше најнова објава на социјалните мрежи, а видеото ни ја отсликува неговата страшна брзина и разорна моќ во ударите кои беа ноќен кошмар за неговиоте противници.

– Се е возможно кога сте паметен во тоа што го правите. Тренирајте паметно, опоравете се паметно.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни