Поврзете се со нас

Боречки спортови

Тајсон откри низ каква голгота минал за да дојде до рингот за последен пат: Затоа се сметам за победник! (Фото)

Објавено

на

Мајк Тајсон вчера загуби од Џејк Пол во бокс битката која се најавуваше со месеци, па иако од борбата заработи голема сума на пари, легендарниот боксер открива дека научил и животна лекција.

Борбата прво требаше да се одржи изминатово лето во месец јули, но истата беше одложена за ноември поради непријатен чир кој се активирал во телото на Тајсон за време на еден лет кон дома.

Дел од медиумите тогаш пренесоа дека здравјето на поранешниот светски шампион е навистина нарушено, па иако имаше и шпекулации дека ќе ја откаже борбата, тој на крајот се појави во рингот.

Тајсон сега со емотивно обраќање открива дека во јули му бил загрозен животот, па после цела голгота која ја минал, сега се смета за победник и покрај поразот од Пол.

– Ова е една од оние ситуации кога сте загубиле, но сепак сте победиле. Благодарен сум за тоа што се случи минатата ноќ и не жалам што за последен пат влегов во рингот. За малку ќе умрев во месец јуни. Добив осум трансфузии на крв. Загубив половина од мојата крв, морав да се борам за да застанам на нози и да се борам, затоа сметам дека победив.

– Тоа што ме гледаа моите деца како стојам нога до нога и што завршив 8 рунди со талентиран борец кој е двојно помлад од мене е искуство кое не може секој да го побара. Ви благодарам, – порача „челичниот Мајк“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни