Поврзете се со нас

Боречки спортови

Тајсон откри колку точно килограми ослабнал во својата страшна физичка трансформација (Фото)

Објавено

на

Мајк Тајсон почна жестоко да тренира за време на карантинскиот период и со објавените видеа на социјалните мрежи непрекинато ги воодушевуваше фановите, а напорниот труд и макотрпната работа направиле легендарниот американски боксер значително да ја намали килажата.

Тајсон се уште е убеден во тоа дека ќе се врати во рингот по нормализирањето на пандемијата со коронавирусот во борба од хуманитарен карактер, а дефинитивно вистински спектакл би било доколку навистина се одржи борба против неговиот голем ривал, Ивандер Холифилд.

Во последно време, најавите за ваков бокс спектакл стивнаа, но Тајсон не се сомнева дека ќе се врати во рингот во меч од егзибициски карактер бидејќи се чувствува максимално подготвено за такво нешто.

Во интервјуто за „Фајт-хајп“, 54-годишниот Тајсон открива дека ослабнал 31 килограм со напорната работа во изминатиот период, па наместо 131 килограм, сега има тежи точно 100 килограми.

– Напорно тренирав, боксував секојдневно и навистина многу добро се чувствувам. Од 131 килограм, намалив на 100 килограми и чувствувам дека сум во топ форма, – откри „челичниот Мајк“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни