Поврзете се со нас

Боречки спортови

Тајсон обелодени како ослабнал неверојатни 45 килограми во подготовката за борбата со Рој Џонс

Објавено

на

Мајк Тајсон оваа сабота ќе се врати во рингот после толку години, но без оглед на тоа што станува збор за егзибициска борба со Рој Џонс Јуниор, „челичниот Мајк“ тврди дека во неговата глава нема никаква друга помисла освен победа.

Легендарниот светски шампион во тешка категорија имаше огромна желба да се врати на светската сцена, па во изминатиот период можевме да го видиме во навистина посебно и посветено издание, прикажувајќи видео од неговите напорни тренинзи со кои се врати во посакуваната форма.

Тајсон обелоденува дека активирал посебна диета и ослабнал неверојатни 45 килограми, па сега е максимално подготвен за борбата која веќе се одложуваше и која долго ја чека.

– За мене, после таква пауза, подготовката за оваа борба беше навистина тешка. Најтешка беше поради една работа, морав да ослабнам 45 килограми. Шега на страна, јас секогаш сум го правел тоа во кариерата, сум слабеел пред борбите, но ова беше друго.

– За да успеам, станав и веган. Мојата сопруга ме покани да се приклучам на веганите и да станам дел од таквата исхрана. Сега сум подготвен за борба и нема да се обидам да нокаутирам никого. Ќе се обидам да се одбранам во секој момент и да победам во борбата, – изјави Тајсон во пресрет на борбата која ќе се одржи во „Стејплс центарот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни