Поврзете се со нас

Боречки спортови

Тајсон му удри шлаканица на Пол, јутјуберот му порача: Сега мора да умре (ВИДЕО)

Објавено

на

Боксерската легенда, Мајк Тајсон и  јутјуберот Џејк Пол ќе ги одмерат силите на борбата која е закажана за во Далас, борба пред која имаше мал инцидент со кој дополнително се загреа атмосферата.

Тајсон и Пол имаа блиско соочување по кое челичниот Мајк му удри шлаканица на противникот откако овој малку го згази на ногата.

Џејк остана мирен, но имаше директна порака за ривалот:

-Тајсон мора да умре. Ова е сега лично, -порачуваше познатиот јутјубер кој низ изминативе години имаше интересни борби, ама ова ќе му биде најголем предизвик.

Инаку Мајк за борбата добива 20 милиони, додека Пол 40 милиони долари. Истата е закажана за сабота наутро во 5 часот по средноевропско време.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни