Тајсон ќе продава марихуана: Започнува бизнис со одгледување на оваа магична билка

Majk-Tajson

Мајк Тајсон влезе во бизнисот со марихуана. Тој купи ранч со 4 хектари и на него ќе ја сади зелената билка. Местото ќе се вика  „Тајсон ранч“ и е во близина на националниот парк „Долина на смртта“,а предвидено е да има и школа за одгледување на марихуаната.

Тајсон во минатото имаше проблеми со конзумирањето марихуана и секогаш кога беше запрашан во врска со оваа супстанца, тој даваше поддршка на сите уживатели зошто тоа, според него не претставувало дрога.

Инаку, Мајк Тајсон беше еден од најпознатите и најпопуларните боксери кои неславно ја заврши својата кариера со банкрот на своето богатство.

Facebook Коментари