Поврзете се со нас

Боречки спортови

Тајсон ја соблече маицата и уште еднаш ги импресионираше фановите (Видео)

blank

Мајк Тајсон во изминатиот период сериозно се нафати на работа во теретаната и во друштво на својот тренер е сериозен во намерата да се врати во рингот во спектакл од хуманитарен карактер, па многу брзо се појавија гласините дека можно е да видиме триологија меѓу него и Ивандер Холифилд.

Легендарниот Холифилд даде позитивен одговор на ваковото прашање и самиот откри дека неговите луѓе и оние на Мајк водат преговори за нивна ревијална борба во рингот, па слично како Тајсон, и Ивандер сподели неколку видеа на кои се гледа дека полека влегува во форма.

Сепак, на социјалните мрежи далеку поактивен е „челичниот Мајк“, кој денеска одлучи да се претстави и преку најпознатото кинеско гласило.

„Веибо“ е најпопуларна социјална мрежа во Азија и особено во Кина, па сега направи нов профил на оваа апликација и испрати видео порака со која уште еднаш демонстрираше завидна брзина за човек кој во јуни ќе наполни 54 години.

– Здраво, јас сум Мајк Тајсон. Сега сум на Веибо и сакам да знаете дека постои можност да направам кам-бек. Ако се случи тоа, ќе се борам со духот на Мао, – вели Тајсон.

Продолжи
Реклама
Реклама
Реклама

Facebook